Динамо Загреб синоќа го победи нагости РБ Салцбург со 2-0 со головите на Сандро Куленовиќ и Бруно Петковиќ. Иако напаѓачите беа хируршки прецизни во искористувањето на приликите, еден играч кој асистираше за двата гола помина малку под радарот.
Станува збор за Стефан Ристовски, кој беше прогласен за најдобар играч на натпреварот на мечот во Австрија. Но, не застана тука – благодарниот Македонец си најде место во најдобриот состав на неделата од Лигата на шампионите.
Ристовски е единствениот играч во тој состав кој не игра во една од најдобрите пет лиги. Покрај него се Винисиус Јуниор, кој постигна три гола во дресот на Реал против Борусија Дортмунд (5-2), Рафиња од Барселона, исто така троен стрелец во победата против Баерн (4-1), и Џон Дуран, напаѓачот на Астон Вила познат по спектакуларни голови. Точно еден таков постигна во победата против Болоња.
Покрај горенаведеното, во тимот се и играчот од средниот ред на Милан, Тијани Рајндерс, Николо Барела од Интер и Такуми Минамино од Монако.
Освен Ристовски, одбраната ја сочинуваат Гутиерез, Хен и Стоунс, а на голот е Перин.
That front line 🔥
Introducing your Team of the Week! 👇@cryptocom | #UCLTOTW pic.twitter.com/jytyXjvrq1
— UEFA Champions League (@ChampionsLeague) October 24, 2024
– Прекрасно е чувството, горд сум, ова е голема ноќ за сите нас. Заслужено победивме, атмосферата беше прекрасна, вистинско задоволство да се игра. Сакавме да победиме вечерва и имавме голема желба. Исполнивме се што се договоривме – изјави Ристовски по победата и додаде:
– Ги спречивме нивните контранапади и одигравме врвна партија. Сигурно оваа победа ќе ни даде самодоверба по шокот на почетокот на сезоната. Овој тим се подобрува и сакаме да постигнеме повеќе од ова.