630
Градската болница „8 Септември“ добила анонимна донација за своите потреби. Сепак, од болницата дознаеле дека донацијата е од македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски и неговите репрезентативни колеги.
-Од Инстаграм дознавме дека анонимната донација која ја добивме била од нашите сограѓани, пријатели, донатори кои помагаат во овие тешки времиња , кога се бориме со Ковид 19 пандемијата.
Голема благодарност до иницијативата која ја почнал Стефан Ристовски и неговите другари соиграчи во А репрезентацијата на РСМ . ВЕ ЧЕКАМЕ И СЕ ГЛЕДАМЕ НА СТАДИОН ВО ПОДОБРИ ВРЕМИЊА, порачаа од болницата.