Стечајниот управник на Еуростандард банка ги обезбедил мебелот и опремата од експозитурите

by fokus
Стечајниот управник на Еуростандард банка, Душко Тодевски вечерва ја информираше јавноста дека мебелот и целата опрема од сите експозитури на банката во стечај се обезбедени.
-Известувам дека од сите експозитури на „Еуростандард банка“ кои биле во деловен простор којшто не бил во сопственост на Банката, од моја страна, односно од страна на овластени лица се прибрани и заштитени севкупната опрема и мебелот, коишто се дел од имотот на Банката. Истовремено, прибрана и заштитена е и севкупната документација од овие експозитури. Ваквата активност е спроведена затоа што веќе се раскинати договорите за закуп на деловен простор. Со ова максимално се избегнуваат непродуктивни трошоци во текот на стечајната постапка и дополнително се заштитува стечајната маса, во функција на исплата на побарувањата на доверителите, соопшти стечајниот управник.

Поврзани новости