713
За околу половина час се очекува очниот хирург Дејан Ставриќ да излезе од истражниот затвор „Скопје“. Од Основниот суд Скопје 1 потврдуваат дека офталмологот, правосилноста на пресудата ќе ја чека на слобода, бидејќи јавното обвинителство не поднело жалба на нивната одлука, докторот да се брани од слобода.
Во понеделниот на шестчасовното судско рочиште, доктор Ставриќ беше осуден на затворска казна од една година, за наводно земање на мито, за посредување на инвалидска пензија. Тој остана во притвор 20 дена.