358
Македонија е следна држава што треба да се приклучи на НАТО, изјави поранешниот командант на Северноатлантската алијанса, Џејмс Ставридис, за „Гласот на Америка“.
Тој изразил надеж дека Грција и Македонија ќе можат да работат заедно за решавање на спорот со името, со што ќе се отвори врата за Македонија да влезе во НАТО.
„Мислам дека Македонија е следна држава што ќе се приклучи на Алијансата“, изјави Ставридис, додавајќи дека следните чекори би воделе кон обединување и зацврстување на Балканот.
Ставридис потсети дека и американскиот потпретседател, Мајк Пенс, на почетокот од месецов во телефонски разговор со премиерот Зоран Заев, ја истакнал поддршката на САД за членство на Македонија во НАТО.