523
Во екот на изборната кампања во 2011 година, министерот Зоран Ставрески од Миле Јанакиески бара да испрати инспекции во фирма Радовиш бидејќи им свртеле грб на ВМРО-ДПМНЕ.
-Да пуштиш контрола во Марди во Радовиш, обавезно трудова инспекција. Им помагавме а сега се свртиле со Љубе или со Љупчо, незнам, му вели револтирано Ставрески на Јанакиески, тогашниот шеф на изборната кампања на ВМРО- ДПМНЕ.
Ова е уште една од бомбите која денеска беше објавена во случајот Титаник.