Ставре Јада за првата трка на ЗОИ: Разочаран сум, немав сила!

by Fokus

Македонскиот олимпиец Ставре Јада денеска оствари скромен пласман на квалификациите од спринтот на 1,5 километри на Зимските олимписки игри во Пекинг и трката ја заврши на 86-то место од 88 натпреварувачи.

Во изјава за „Фокус“, тој не го криеше разочарувањето, со надеж дека во наредниот настап ќе оствари подобар резултат.

„Разочаран сум затоа што добро почнав, но немав сили да издржам, иако беше кратка дистанцата. Слаба трка за мене, со оглед на тоа дека во декември заостанав на Светски куп 24 секунди, а денеска заостанав 44 секунди и не сум задоволен од самиот себе. Во вториот настап ме чека тешка трка на 19-ти февруари од 50 километри. Веќе почнавме со мојот тренер да анализираме и мислам дека ќе успеам да се влечам во група со најдобрите“, истакна Јада за „Фокус“.

Поврзани новости