1.1K
Нордискиот скијач Ставре Јада, кој учествуваше на ЗОИ 2018 година во Пјонгчанг, ја потврди олимписката А норма за ЗОИ во Пекинг наредната година.
Според последната официјална Фис листа, Јада е со четири фис точки подобар, а успеси редат и женските натпреварувачки.
Има пресврт во Фис поените кај Ана Цветановска, која има 126.98 точки и е пред олимписката стипендистка Михаела Даноска која има 144.11 фис поени. Последниот пресек за учество на ЗОИ во Пекинг е на 17 јануари, 2022 година.
Јорданчо Цветаноски