Ставиле сликички од 500 евра во кутија за донации за лекување на младо момче: Ме боли до срж, вели мајката

by fokus

Три сликички од банкноти од по 500 евра биле ставени во кутија за донации, средства кои се собираат за 26-годишниот Јован Ивев, чие семејство веќе три години моли за помош за негово лекување.
Мајката на Јован, Снежана, објави фотографија од лажните банкноти кои ги нашла во кутија за донации поставена во градот, и со потресни зборови му се обрати на лицето кое на ваков начин си поиграло со нивните чувства.

-Зарем вие кои го направивте ова немате душа? Не дај Боже да поминувате низ сето ова кое ние го минуваме речиси три години. Не дај Боже да собирате и молите за помош за своето дете, затоа што најмногу боли, боли до срж! Не ми се верува до каде може некој да оди – порача мајката.

За случајот со младиот Јован подолг период се пишува во медиумите и се бара помош од хуманите граѓани.
Во 2019 година, кога имал 23 години, тој настрадал во Холандија, како возач а камион, при истовар на роба.
Врз него паднале метални цевки кои тежеле околу 2.500 килограми и му нанеле тешки повреди.
Тој бил реанимиран и лекуван во болница во Холандија три месеци, а потоа бил испратен во Македонија на понатамошно лекување.

Јован е со дијагноза параплегија и тетраплегија и е неподвижен, а семејството во повеќе наврати апелира за помош за алтернативно лекување, односно роботска неурорехабилитација, пресадување на матични клетки, вградување на епидурален апарат на р’бет и рехабилитација за негово закрепнување во Поликлиника ОРТО-МД Нови Сад.

Хуманите луѓе кои сакаат да му помогнат, можат да донираат на телефонските броеви 143 131 Телеком и 143 479 А1, или на сметка за донација 250014000660205 Sparkasse banka, Јован Ивев.

Вики Клинчарова

Поврзани новости