Човекот кој одбележа една ера во историјата на лондонскиот фудбалски клуб Арсенал, францускиот стратег Арсен Венгер доби статуа пред стадионот на кој настапуваат популарните „Топчии“.
Бронзената статуа ја изработи скулпторот Џим Гај, а на неа е прикажан Французинот како го крева трофејот во Премиерлигата.
Статуата е висока 3,5 метри и тежи половина тон.
Венгер на клупата на Арсенал помина 22 години (1996 – 2018) притоа водејќи го тимот на вкупно 1.235 натпревари во сите натпреварувања.
Под негово водство „топчиите“ освоија три титули во Англија, а во 2003/04 година станаа единствениот тим во историјата на Премиерлигата без ниту еден пораз на првенствен натпревар во текот на целата сезона.
Венгер е шестиот човек кој доби статуа пред „Емирати“. Пред него таа чест ја имаа Тони Адамс, Денис Бергкамп, Херберт Чепмен, Кен Фрајер и Тиери Анри.