Статистика за изминатата недела: Најголем број од заразените се на возраст над 60 години, а најмал е процентот кај децата и тинејџерите

by fokus

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 9 до 15 ноември тестирани се вкупно 20.980 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 6,4% во однос на минатата недела.

-Регистрирани сe 7.355 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со незначително зголемување во однос на минатата недела, кога беа регистрирани 7.280 нови случаи, се вели во извештајот.

Најголем дел од регистрираните случаи и натаму се од Скопје (44,9%), а во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 35%, намалување за 2% во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.

-Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (22,4%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 години (20,3%), 40-49 (19,5%), 50-59 (19,2%) и 20-29 (13,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (1,6%) и 10-19 години (3,9%). Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.731 (50,7%) лица од машки и 3.624 (49,3%) од женски пол.

Поврзани новости