636
Во однос на пописот, министерот за правда, Бојан Маричиќ денеска рече дека Законот веќе е во собраниска процедура и целта е да се изгради систем што еднаш засекогаш ќе ја тргне политиката од овој и од сите идни пописи.
– Наша цел е статистичарите, а не политичарите, да го имаат главниот збор при пребројување на населението. Верувам дека ќе организираме добар попис по сите европски стандарди, а резултатот ќе биде основна алатка за да знаеме какви долгорочни развојни политики можеме да креираме, истакна Маричиќ, додавајќи дека пописот би се спровел во април ако Собранието го доенсе законот.