Со читање на обвинителниот акт денеска во Кривичниот суд започна повторното судење за случајот „Монструм“, односно за убиството на четирите момчиња и рибарот кај Смилковски езеро.
Повторното судење почна бидејќи пред три месеци, Врховниот суд поради низа недостатоци ја ујкина првостепената и второстепената пресуда. Наместо обвинителката Гордана Гешкоска која го напиша обвинителниот акт, сега обвинението го застапува нов обвинител Наум Пановски.
Иако, обвинителот е нов, тој како што истакна останува на првичниот обвинителен акт, односно оној што го напиша Гешкоска. Па така обвинителот повтори дека обвинетите имале цел да предизвикаат несигурност и страв кај граѓаните од македонска националност поради што се договориле да извршат убиство на повеќе лица Македонци.
На обвинетите сега ќе им суди и нов Судечки совет од судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани.
Повторното судење започна без двајца од обвинетите Алил Демири и Агим Исмаиловиќ, кои се во Косово, а на обвинителна клупа денеска седнаа Фејзи Азири, Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири и Сами Љута.
В.В.