Само што стартуваше избораната кампања за локалната власт почнаа да се случуваат инциденти. И двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ излегоа со обвинувања дека им се уништени штабовите.
Од владејачката СДСМ информираа дека ноќеска е извршен вандалски чин во кој е оштетен еден од нивните штабови.
„Згрозени сме од чинот и начинот на кој бил извршен овој одвратен напад. Имено, во текот на ноќта еден од нашите штабови во месната заедница „Васко Карангелевски“, бил измачкан со измет. Дали ваквите чинови воопшто некаде во светот се пракса? Кој е поривот за ваков одвратен, нечовечки чин? Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги изгуби изборите и преплашени од тоа, делуваат целосно нерационално – тврдат од СДСМ.
Од друга страна од ВМРО тврдат дека нивниот штаб во Кисела Вода е искршен, но кандидатот за градоначалник Јохан Тарчуловски се надева дека позади инцидентот не стојат политички опоненти.