329
Собранието не може да ја започне 88. седница поради проблеми со електрониката. Екипите веќе работат на остранување на дефектот, соопштија од кацеларијата на Генералниот секретар на Собранието.
Од Кабинетот на претседателот на Собранието, посочуваат дека за почетокот ќе информираат во текот на денешниот ден, откако ќе бидат отстранети техничките проблеми. Седницата првично беше закажана за 11 часот, па одложена за 13 часот, а засега не се знае кога ќе почне.