Американската стартап компанија „Трансформифај“ (Transformify Inc.), формирана од македонски основачи лоцирани во Скопје, денеска лансираше иновативна платформа за автоматизација и интеграција која со помош на вештачка интелигенција (AI) ги автоматизира секојдневните задачи претворајќи ги зборовите во конкретни акции (text-to-actions).
Платформата наречена “Трансформифај Аутомејт – Вашиот АИ Копилот за автоматизација” (“Transformify Automate – Your AI Copilot for automation”) на глобално ниво ги предизвика продуктите на најголемите интернационални компании, како Microsoft Power Automate, Zapier, Webflow и др.
Во креирањето на оваа платформа компанијата беше водена од фактот дека ChatGTP и вештачката интелигенција генерално целосно го менуваат светот и начинот на кој ги извршуваме секојдневните лични и професионални задачи.
“Дигиталната трансформација се однесува на луѓето, културата, технологијата и процесите. Ние ја обезбедуваме AI технологијата. Толку е едноставно.” – Ратко Пројковски, Основач и извршен директор на Трансформифај.
Генерално платформата ја демократизира автоматизацијата на процеси и интеграцијата, со што ја доближува напредната технологија до секој корисник, без оглед на неговото техничко или бизнис искуство. Со едноставен и разговорен јазик, корисникот треба да го опише крајниот резултат и копилотот автоматски ќе го креира, визуелизира и изврши процесот.
Ова ги подразбира сите напредни операции како што се обработка на текст, слики, конвертирање на документи во кој било формат, временски закажани постови на социјалните мрежи, нотификации, имејл пораки и сл.
Платформата опфаќа и комплексни сценарија карактеристични за бизнис секторот, како што се интеграцијата со различни компаниски системи, користењето на различни протоколи за комуникација, операции поврзани со бази на податоци, обработка и трансфер на податоци, дигитално потпишување, и сл.
Трансформифај веќе има воспоставено стратешко партнерство со компаниите Microsofot и OpenAI како лидери во областа на вештачката интелигенција. Ова и овозможува на компанијата преку раниот пристап до последната технологија, проактивно да учествува во истражувачката работа за практичната примена на големите модели (LLMs) како што се GPT-4, ChatGPT Plugins – функционалните плагин додатоци за ChatGPT и др.
Сите заинтересирани корисници може бесплатно да се регистрираат на оваа платформа преку следниот линк, а воедно да дадат и поддршка за Product Hunt – www.transformify.ai
ПР текст