Србин (37) е уапсен под сомнение дека учествувал во грабеж во Италија! Уапсен е во Германија, под сомнение дека при грабежот брутално претепал старица (86), која набрзо потоа починала во болница.
Имено, според италијанските медиуми, станува збор за злосторство што се случило пред осум години на плоштадот Галдо во Меркато Сан Северино во Италија. Се сомневаат дека двајца-тројца разбојници упаднале во куќата на постара жена за да ја ограбат.
Еден од осомничените за кратко време беше уапсен, додека другиот соучесник, Србин, беше уапсен пред неколку дена, во Германија.
„Ана Ленди, постара жена која беше жртва на грабеж на Пјаца Галдо во Меркато Сан Северино помеѓу Божиќ и Нова година 2016 година, почина по две недели агонија во болница на почетокот на 2017 година. Нејзиното срце застана на интензивна нега во болницата. Осум години по тој напад имаше апсење во Германија, каде беше уапсен еден од членовите на бандата кој безмилосно ја мачеше несреќната жена терајќи ја да им каже каде ги крие парите“, пишува италијански портал.
Според нив, Србинот бил уапсен од германската полиција по меѓународна потерница издадена од обвинителството во Италија.
„Уапсен човек, екстрадиран во Италија и одведен во затвор. Фатен е пред неколку дена и сега ќе треба да се појави пред судиите за да се брани од обвинението. Постои сомнеж дека тој и соучесниците упаднале во станот на една постара жена, убедени дека во станот нема никој. Кога провалниците влегле, почнале да бараат пари во куќата, но ја нашле газдарицата во една соба, ја врзале и побарале од неа да каже каде ги криела парите и вредните предмети“, додава локалниот портал:
„Но, немало многу во куќата бидејќи старицата, која била сама, едвај врзувала крај со крај. Таа живеела со нејзиниот внук и му помагала финансиски. Ги молеле, но тоа не помогнало, револтирани што не нашле ништо, брутално ја претепале несреќната жена и ја оставиле врзана“ – пишува „Cronachesalerno.it“ и потсетува дека злосторството се случило на 29 декември 2016 година.
Единаесет дена подоцна, по долга хоспитализација постарата жена починалa во болница.