Стариот закон за трето дете ќе продолжи да важи во наредните десет месеци

by fokus

Стариот закон за трето дете ќе продолжи да важи во наредните десет месеци и за сите оние кои веќе го примаат овој додаток. Ова значи дека право за надоместок за трето дете ќе имаат сите семејства кои ќе добијат трето дете во наредните десет месеци. После овие десет месеци, право на додаток за трето дете ќе имаат само семејствата чии вкупни приходи не надминуваат 12.500 денари (минимална плата). Оние семејства кои досега се стекнале со право на додаток за трето дете, ќе продолжаат да го земаат без разлика на приходите.

Ова вечерва го објасни министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска во гостувањето на телевизија Телма.

Таа додаде дека смета дека овој начин е пофер, надоместок за трето дете да добиваат само семејствата кои имаат ниски приходи, бидејќи целта на социјалната политика е намалување на јазот меѓу сиромашните и богатите, а не негово зголемување.

Поврзани новости