562
Поранешниот играч на Ливерпул, Даниел Стариџ, кој моментално е слободен агент, е суспендиран од англиската фудбалска федерација поради прекршување на законот за спортско обложување. Според англиските медиуми, Стариџ на неговиот брат му соопштил дека тој ќе направи трансфер во Севиља, а тој тоа ќе го искористел за да може да го уплати неговиот трансфер во обложувалница.
Англичанецот е казнет со 75 илјади фунти, а има бан од шест недели да учествува во било каков фудбалски настан.