224
Грозоморен случај се случил вчера на подрачјето на општина Маглај, во БиХ, дознава порталот „Аваз“.
Портпаролот на тамошната полиција, Самир Валентиќ потврдил дека едно лице сторило кривично дело злоставување врз 14-годишно девојче.
„Се уште се проверува. Пријавата беше дека се извршени блудни дела. Полицајците веднаш интервенираа. Работиме на документација. Едно лице е лишено од слобода и против него е поднесена кривична пријава“, рекле од страна на Полициската управа на таа општина.
Како што неофицијално се дознава, овој грозоморен чин го извршило повозрасно лице.