333
Тетовската полиција информира дека приведен бил возач кој заминал од местото на сообраќајката во која повреден бил пешак.
Незгодата се случила вчера на улица „Иво Лола Рибар” во Тетово.
„Во 16 часот и 10 минути во тетовско Слатино, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 85-годишниот Н.С.. Тој претходно со патничко моторно возило „ауди” со тетовски регистарски ознаки на улица Иво Лола Рибар во Тетово удрил во пешакот Р.И.(62) од Тетово и го напуштил местото. При тоа, пешакот се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово“, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.