510
Жител на с. Блатец, Виница, доби кривична пријава поради тоа што пукал со ловечка пушка кон соседите.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против А.Л.(75) од с.Блатец, виничко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување на општа опасност“. На 10.04.2019 во с.Блатец, во дворот на семејната куќа, пријавениот со ловечка пушка „Баикал“, која ја поседувал со дозвола, испукал куршум кон соседите“, велат од МВР.