Стапката на невработеност во Словенија во август се намали за 1,4 проценти на месечно ниво, додека скокна за 23,2 проценти на годишно ниво.
На крајот на август, во словенечкиот Завод за вработување имало вкупно 88.172 регистрирани невработени, што е за 1.225 лица, или за 1,4 проценти помалку отколку во јули.
Во споредба со август минатата година, бројот на регистрирани невработени е поголем за 16.628 лица или 23,2 проценти, објави денеска Заводот за вработување, пренесува Seebiz.
Според податоците на Заводот, во август биле евидентирани 5.277 новорегистрирани лица, што претставува намалување за 35,8 проценти на месечно ниво, и зголемување за 23,7 проценти на годишно ниво.
Меѓу новорегистрираните невработени во август, на околу 3.800 им истекол договорот за определено време, 61 пристигнале во Заводот за вработување од компании што завршиле во стечај, а 403 за првпат барале работа.