46
Полицискиот штаб на Њу Орлеан има проблем со стаорци кои „упаднале“ во просторијата за докази. Началникот на полицијата Ен Киркпатрик на состанокот на комитетот за кривична правда во градот изјави дека глодарите јадат докази.
„Стаорците ја јадат нашата марихуана од просторијата за докази. Сите се „напушени““, рече Киркпатрик.
Стаорците кои упаднаа во просторијата за докази беа особено проблематични, рече таа, поради нивниот потенцијал да влијаат врз криминалните случаи.
Како што пишува CBS, вработените наоѓале измет од стаорци на нивните бироа.