Станува трајна забраната за запирање возила за дотур на стока од 7.30 до 18.00

by fokus

Времената одлука за забрана за запирање на возилата за доставување стока во централното градско подрачје во периодот од 7:30 до 18 часот, станува трајна со одлука на Советот на Град Скопје, кој на денешната седница ги усвои измените и дополнувањата на Одлуката за организирање и дефинирање на условите за доставување стока на подрачјето на град Скопје.

„За потсетување, во декември минатата година Советот на Град Скопје ја донесе времената одлука за забрана на застанување на возилата при дотур на роба во централното градско подрачје во периодот од 7:30 до 18 часот која имаше важност до 31 март. Оваа одлука беше донесена како една од мерките со цел намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопје, а истата беше предвидена и со „Препораките на Интервентната акциска група за итните мерки против загадување на воздухот“ донесена на ден 15.12.2017 година од Владата на Република Македонија“, велат од Градот.

Со оваа одлука се регулира сообраќајот во потесното градско подрачје кое е опфатено со следните сообраќајници:

– бул. ,,Илинден” (од ул.,,Франклин Рузвелт” до бул.,,Гоце Делчев”.),
– бул. ,,Гоце Делчев” (од бул.,,Илинден” до ул.,,Лазар Личеновски”),
– ул. ,,Лазар Личеновски”,
– бул. ,,Никола Карев” (од ,,Лазар Личеновски” до ,,Беласица”),
– ул. ,,Беласица”,
– ул. ,,Никола Карев”(од ул.,,Беласица” до бул.,,3-та Македонска Бригада”),
– бул.,,3-та Македонска бригада” (од ул.,,Никола Карев” до ул.,,Пролет”),
– ул. ,,Пролет” (од бул.,,3-та Македонска бригада” до бул.,,Македонија”),
– бул. ,,Македонија (од ул.,,Пролет” до ул.,,Павел Шатев”),
– ул. ,,Павел Шатев” (од бул.,,Македонија” до ул.,,Јордан Мијалков”),
– ул. ,,Јордан Мијалков”,
– ул. ,,Васил Ѓоргов (од ул.,,Јордан Мијалков” до ул.,,Франклин Рузвелт”) и
– ул.,,Франклин Рузвелт”;

 

Поврзани новости