Цените на недвижностите во третиот квартал годинава во државава се зголемиле за 21,2 отсто, во однос на истиот квартал од минатата година. Во периодот јули-септември годинава, споредено со претходните три месеци, растот на цените на недвижностите е за 4,7 отсто, покажуваат податоците на Народната банка.
Во вториот квартал годинава цените на становите забележаа зголемување од 16,5 отсто на годишно, односно од 6,8 проценти на квартало ниво, додека во првиот квартал исто така имаше раст на годишно ниво од 12,4 отсто , односно од 2,9 на квартално ниво.
Државниот завод за статистика претходно објави дека во септември годинава се издадени 318 одобренија за градење, за 28,2 проценти повеќе во однос на септември лани. Од издадените одобренија за градење, 184 (57,9 проценти) се за објекти од високоградба, 35 (11 проценти) од нискоградба, а 99 (31.1 процент) се објекти за реконструкција.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови, со вкупна корисна површина од 56 849 метри квадратни. Најмногу станови ќе се градат во Скопскиот регион, 216, од кои 196 се во Општина Гази Баба. Меѓу општините со пoголем број планирани нови станови се и Струмица, 87, Гевгелија, 86, Гостивар, 76, Дебар, 40,.