Станот кој го купил Василевски под лупа кај антикорупционерите

by fokus

Државната комисија за спречување на корупција ќе ја проверува имотната состојба на разрешениот директор на МЕПСО, Сашо Василевски, откако во медиумите излегоа информации дека додека бил директор, Василевски купил стан во Скопје од над 100 квадратни метри.

Оваа информација беше објавена во медиумите паралелно со отворање на предметот „Рекет“, а притоа беше напоменато на блискоста на Василевски со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Комисијата на денешната седница соопшти дека ќе ја проверува имотната состојба на Коле Штерјов, претседател ма Советот на јавни обвинители, како и на Баким Алии, претседател на Основниот суд во Кичево.

Маја Васева

Поврзани новости