639
Еднострани ставови на земји членки немаат влијание врз заклучоци на ЕУ, вели Петер Стано, портпарол на шефот на европската дипломатија, Јосеп Борел, откако излегоа информации дека Бугарија го условува почетокот на преговорите со Македонија со откажување од македонскиот јазик и малцинство.
-Европскиот Совет едногласно ја одобри одлуката за отворање на пристапните преговори со Северна Македонија. Ставот на ЕУ е јасно искажан во заклучоците на Советот – вели Стано за МИА.
Инаку, државната агенција пишува дека земјите-членки на ЕУ имаат право да го искажат своето несогласување со некои делови од одредена одлуката и да приложат свој документ како анекс, меѓутоа тоа не ја менува одлуката.