Стано: Нова рунда дијалог на високо ниво, на 2. мај во Брисел

by Fokus

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано денеска изјави дека на 2 мај во Брисел ќе се одржи нова рунда дијалог на високо ниво.

Тој рече дека ЕУ формирала Заеднички надзорен одбор за следење на спроведувањето на Договорот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија и Анекс за имплементација.

„ЕУ, како олеснувач на дијалогот меѓу Белград и Приштина, заедно со Косово и Србија, како страни во дијалогот за нормализација на односите, денеска формираа Заеднички мониторинг комитет за следење на спроведувањето на Договорот на патот кон нормализацијата меѓу Косово и Србија и Анексот за негово спроведување“, објави тој.

Тој додаде дека очекува Текстот да биде финализиран и усвоен на првиот состанок на комитетот, кој ќе се одржи по следниот состанок на високо ниво закажан за 2 мај во Брисел.

Тој рече дека овој мониторинг комитет се формира 30 дена по состанокот на високо ниво во Охрид, како што е наведено во Анексот за имплементација.

Со заедничкиот мониторинг комитет ќе претседава специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања од Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

Косово ќе го претставува својот амбасадор во Брисел, Агрон Бајрами, а Србија од претседателот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ.

 

Поврзани новости