362
Портпаролот на Европската Унија Петер Стано ги повика Белград и Приштина да создадат услови за продолжување на дијалогот.
„Работата на дијалогот е во тек. Изминативе недели повеќепати изјавивме дека од страната на ЕУ постои јасно очекување од страните да преземат многу добро дефинирани чекори за деескалација и да создадат услови за продолжување на дијалогот“, рече Стано.
Тој ја нагласува важноста од продолжување на дијалогот, како и фактот дека се уште не е утврден точниот датум на лидерската средба.
Специјалниот претставник за дијалог Мирослав Лајчак, кој денес престојува во Белград, неодамна потврди дека новата лидерска средба ќе се одржи во текот на септември.