Станковиќ: Арсовска закажа вонредна седница за тековни точки на која самата не дојде

by Fokus

„Денеска се бараше вонредна седница на која ни градоначалничката не е присутна, со самото тоа е јасно колку овие точки го задоволуваат критериумот за вонредна седница. Направен е опасен преседан, се свикува вонредна седница за точки кои вообичаено одат на редовни седници, а ниедна од овие точки не го задоволуваат критериумот согласно Деловникот и Статутот на Град Скопје за вонредни седници, изјави советникот од коалицијата „За обнова на Македонија“ – Малиша Станковиќ на денешната вонредна седница на Советот на Скопје.

Тој истакна дека тоа што заслужува да се најде на вонредна седница е суспендирањето на одлуките на Советот на Град Скопје.

– Имаме јавно претпријатие кое и покрај волјата на советниците да не го изгласа годишниот план за вработување, гледаме дека изминатите три дена ЈП Паркови и зеленило распиша оглас за вработување преку 100 извршители на разни позиции – потенцираше тој.

Станковиќ нагласи дека тоа е она истото ЈП кое во петокот побара свикување на вонредна седница за парична помош заради потешкотии во работењето.

– Претпријатие кое има потешкотии во работењето и чија економска состојба е загрижувачка во исто време бара да бидат вработени 100 извршители на разни работни места. Ова исто ЈП на 40 вработени во нивниот Флораком им нема исплатено плата последните 3 месеци, за што вработените се стапени во штрајк, истото ЈП на своите вработени им нема исплатено К-15, во извештаите доставени до советниците само за период од 15 месеци од претпријатие кое работеше позитивно, има минус од фрапантни 120 милиони денари – изјави Станковиќ.

Поврзани новости