Станишев не се кандидира за четврти мандат на чело на ПЕС

by Fokus

Актуелниот претседател на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) и бугарски европратеник Сергеј Станишев не поднесе кандидатура за четврти последователен мандат на чело на ПЕС на претстојниот конгрес на 14 и 15 октомври во Берлин.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, одлуката на Станишев е заснована на политички причини.

Тој посочи дека не бара номинација од раководството на Бугарската социјалистичка партија. Неговите разлики со раководството на бугарските социјалисти го доведоа до таква одлука.

Станишев наведе дека рокот за номинации за претседател на ПЕС истече вчера и Стефан Ловен, поранешен премиер на Шведска, поднел кандидатура.

– Ме радува оваа номинација, тој беше многу успешен премиер, кој ја извршуваше функцијата два мандати, истакна Станишев.

Поврзани новости