„Стандард и Пурс“ предвидува банкрот на Русија

by fokus

Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ ја намали оценката за способноста на Русија да го отплати надворешниот долг.

Аналитичарите од агенцијата веруваат дека Русија најверојатно ќе се соочи со банкрот – првпат по револуцијата во 1917 година.

Агенцијата вчера ја намали својата оценка за Русија на „изборен стандард“ откако Москва се договори да го плати својот надворешен долг во рубљи наместо во долари.

Според Агенцијата, планираните натамошни санкции што ќе и бидат наметнати на земјата ќе ја попречат „волјата и техничката способност на Русија да ги исполни условите на обврските кон странските кредитори“.

Понискиот рејтинг што го дава „Стандард и Пурс“ значи дека земјата има мали шанси за отплата на ратите од различни заеми, што ги принудува доверителите да наплатуваат повисоки каматни стапки при кредитирањето на оваа земја.

Поврзани новости