Паркинг простор во близина на Вонделпарк, најголемата зелена површина во Амстердам, се продава за речиси половина милион евра, што е шокантна цена дури и за Холандија, каде што цените експлодираа поради тешката станбена криза.
На огласите за недвижности на Фондот, огласен е паркинг простор за 495.000 евра и е најскап во земјата, пренесува холандскиот медиум RTL.
Има површина од 18 квадратни метри и како што наведува агенцијата за недвижнини Ј.Heule, се наоѓа во затворен комплекс и „на најпознатата и ексклузивна шопинг улица во Холандија. Се наоѓа на P.C. Hooftstraat, во близина на Rijksmuseum и музејот na Ван Гог, а може да се изнајми и за 750 евра месечно.
Имено, бараната цена на паркингoт е повисока од просечната цена на стан во Холандија, која според извештајот објавен на крајот на 2023 година изнесува 430.000 евра. Покрај скокот на цените, RTL истакнува дека во Холандија се затворени многу паркинзи во центрите на градовите за да бидат помалку атрактивни за автомобилите.
Местата за паркирање се „сè поретки и нивната вредност се зголемува, но таков простор, се разбира, не вреди половина милион евра“, наведува RTL. Со ова не се согласува основачот на агенцијата за недвижности Jeel Heule, кој посочува дека населбата во која куќите се продаваат за неколку милиони евра е преполна со скапи станови и автомобили.
Холандија, една од најгусто населените земји во Европа со 17,8 милиони луѓе, се соочува со акутен недостиг на станови од околу 390.000 домови, според една неодамнешна студија.