Стампедо на прослава за Ноќта на вештерките, 50 лица доживеале срцев удар, има и загинати

by Fokus

Околу 100 лица се повредени, а се стравува дека има и голем број на загинати откако биле згмечени од големата толпа која се туркала напред во тесна улица во текот на прославата на Ноќта на вештерките во главниот град на Јужна Кореја, соопштија јужнокорејските власти.

Чои Чеон-сик, претставник од Националната противпожарна агенција, изјавил дека околу 100 лица се повредени во текот на масовното стампедо кое се случило во саботата навечер во рекреативниот кварт Итаевон, а околу 50 се на лекување поради срцев удар.

Чои додал дека се верува дека луѓето биле згмечени до смрт откако големата толпа започнала да се турка напред во тесна уличка во близина на хотелот Хамилтон, главното место за забава во Сеул. Тој вели дека повеќе од 400 вработени во Итната помош и 140 возила од целата земја, вклучувајќи го сиот расположлив персонал во Сеул, се распоредени на улиците за да ги лекуваат повредените.

 

Властите не го објавија веднаш бројот на загинати, како што вообичаено не го објавуваат сè додека не се потврдат смртните случаи во болниците.

Националната противпожарна агенција навела во соопштението дека сè уште се утврдува точниот број на итни пациенти. Полицијата исто така потврдила дека десетици луѓе биле реанимирани на улиците на Итаевон, додека многу други биле пренесени во блиските болници.

 

 

Поврзани новости