Стамов: Георгиевски и Груевски при првиот пораз си поднесоа оставки, Мицкоски не смее да биде привилегиран!

by fokus

Христијан Мицковски не треба да биде привилегиран пред Љупчо Георгиевски и Никола Груевски кои при првиот свој пораз си поднесоа оставки, му порачаа на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, од иницијативниот одброр. За да се избегнат понатамошни поделби во партијата, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ уште утре да свика вонреден конгрес, му порачаа на Мицкоски сопартијците кои бараат негова смена.

Од пред музејот на ВМРО, поранешниот градоначалник на Дојран, Борче Стамов, го потсети партискиот лидер дека не само во западните демкоратии, туку и во матичната партија има пракса – тој што ќе изгуби избори да си поднесе оставка.

-Претходните претседатели Георгиевски и Груевски, кои што ја раководеа партија по повеќе од 10 години двајцата, и ја водеа низ повеќе победи и успеси, при првиот свој пораз го запазија овој стандард. Актуелниот претседател не донесе ниту една победа или успех, и нема никаква рационална причина тој да биде привилегиран пред Георгиевски и Груевски, рече поранешниот градоначалник Борче Стамов, од иницијативениот одбор за свикување на вонреден партиски конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.

Стамов истакна дека секојдневно добиваат се поголема поддршка од делегатите на конгресот и други партиски членови, а потврди и дека еден од нив е и поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков.

Поврзани новости