Стаменковски, сопственикот на „ДоказМ“ е задржан на Кардиологија

by Fokus

Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“ кој е во притвор во затворот „Скопје“, ноќеска е пренесен во болница.

„Ноќеска во 3 часот Марјан Стаменковски се пожали на болка во градите. Беше повикана брза помош и од затворот „Скопје“ е пренесен на Клиника за кардиологија, каде по испитувањата е задржан на лекување“ потврди за „Фокус“ директорот на затворот во Шутка, Филип Андов.

Стаменковски е во притвор повеќе од еден месец. Се гони дека сторил две кривични дела – ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, а потоа и уцена, пиратерија на аудиовизуелно дело, злоупотреба на лични податоци.

Досега се одржаа неколку рочишта, на кои, Марјан Стаменковски се сретна со оштетените во процесот, кои биле негов таргет.

Не призна вина и реши да се брани и да докажува дека не сторил ништо незаконски.

Новинарките на Фокус – Валентина Вурмо и Ирена Мулачки и јавно по сведочењето во судница кажаа дека очекуваат правда, но и да се најдат нарачателите на текстовите кои осамнуваа на неговиот портал „ДоказМ“.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости