Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска Трајкоска преку Фејсбук побара од премиерот Димитар Ковачевски да и се извини.
„Говорот на омраза не смее да биде дел од нашето секојдневие. Најмалку што може да стори премиерот денес е да ми се извини“, пишува Стаменкоска-Трајкоска.
Претходно, таа реагираше во парламентот дека Ковачевски од место ја навредил за физичкиот изглед, а премиерот, пак, истакна дека рекол само за сопствената сопруга дека е убава и паметна.
Во меѓувреме, реагираше и Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, од каде истакнаа дека се крајно вознемирени, загрижени и згрозени од Ковачески.
„Говорот на омраза не смее да биде дел од нашето секојдневие. Најмалку што може да стори премиерот денес, е да се извини. Да се извини затоа што негова работа не е да коментира нечиј изглед“, порачаа од таму.