555
Актерот Силвестер Сталоне (76), кој се прослави со улогата во филмот „Роки“, по 25 години брак се разведува од сопругата Џенифер Флавин. Таа минатиот петок ги поднела документите за развод на бракот во округот Палм Бич на Флорида, објави„Пипл“.
Сопругата на Сталоне, која е 22 години помлада од него, поднела барање за развод, а медиумите пишуваат дека актерот ги променил броевите на заедничките банкарски сметки и сокрил друг вреден имот.