Обилните врнежи од дожд повторно ги поплавија домовите на жителите на Стајковци. Голем дел од нив, на социјалните мрежи бараат волонтерска помош за исцрпување на водата од нивните гаражи и дворови.
– Дворот на мојата куќа е повторно поплавен и подрумите почнаа да се полнат. Инаку улица „6“ која се наоѓа веднаш до обиколницата е повторно поплавена, а луѓето се во паника. Подрумите и гаражите им се полнат со вода, сите стравуваат водата не им влезе и во домовите. Бараме помош од волонтери кои ќе ни помогнат во исцрпување на водата – напиша Марјан Алек Стевковски на фејбук групата “Хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје”
Според тоа што е напишано во групата, целосно е поплавена и улицата „6-та” која се наоѓа на крајот на селото Стајковци, веднаш до обиколницата.
Oд Центарот за управување со кризи велат дека на нивните телефони никој не пријавил дека е поплавен и дека му треба помош.