684
Маракана во Рио де Жанеиро, еден од најпознатите стадиони во светот, ќе стане привремена болница за заразените од корона вирусот.
Привремената конструкција на терен ќе овозможи да се постават 400 болнички кревети следниот викенд, пишува Би-Би-Си.
Уште две слични болници наскоро ќе се отворат во Рио, вклучително и таа во Олимпискиот парк.
Бразил, со речиси 150.000 заразени и повеќе од 10.000 смртни случаи од Ковид-19, има една од највисоките стапки на инфекција со корона вирус во светот.