781
Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната од 32 до 38 степени.
Како што информираат од Управата за хидрометеролошки работи, во Скопје минималата температура ќе биде 19, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Вакво време ќе се задржи до вторник, а дестабилизирање се очекува од среда, кога се прогнозира локален пороен дожд, грмежи и опаѓање на дневните температури.