Стабилна состојбата во Прилеп, се испумпува водата од поплавените домови

by Fokus

Стабилна е состојбата во Прилеп по вчерашното невреме проследено со пороен дожд и грмотевици. Најинтензивно беше околу 14 и 15 часот кога поради поројните врнежи атмосферската канализација не можеше одеднаш да ја прими водата, па улиците наликуваа на реки.

Од Противпожарната единица информираат дека граѓани од населбите Варош и Тризла пријавиле поплавувања, па интервенираа во неколку наврати за да се испумпа водата во подрумите и приземни простории.

Пријавени беа и две поплавени возила на излезот од Прилеп, а имаше неколку искрења на жици. Екипите на прилепски Водовод ги исчистија улиците од наноси веднаш по поројните дождови и ситуацијата е стабилна.

Поврзани новости