Стабилна е состојбата на Макрон

by Fokus

Здравствената состојба на францускиот претседател Емануел Макрон, кој од минатиот четврток е позитивен на Ковид-19, според соопштението на Елисејската палата е „стабилна“ во споредба со претходниот ден и резултатите од неговите клинички и параклинички прегледи „се покажаа охрабрувачки“, јави дописникот на МИА.

Претседателот на Франција, кој се наоѓа во изолација во официјалната резиденција Ла Лантерн во Версај, „сè уште ги има истите симптоми на болеста Ковид-19 (замор, кашлица, болки во мускулите) кои во никој случај не го спречуваат да ја извршува својата функција“, се додава во кусото соопштение за јавноста, потпишано од д-р Жан-Кристоф Перошон, главен лекар во Претседателството на Република.

Поврзани новости