89
Пожарот на Богородица е ставен под контрола и отворен e граничниот премин.
Неофицијално, со асистенција и од македонска страна, на ситуацијата за кратко време е интервенирано. Протокот на возила е повторно овозможен.
Поради пожарот, кој избувна на грчката страна од границата, сообраќајот беше запрен, па се создаде гужва и од македонска страна. Возилата се пренасочуваа на граничниот премин Дојран.