И ќерките на Путин мета на санкции

by Fokus

Белата куќа размислува за дополнителни санкции против двете ќерки на рускиот претседател Владимир Путин, како и против најголемата руска банка „Сбербанк“, јави Волстрит Џурнал.

-САД ќе објават нови санкции против руската Алфа банка веќе в среда, напиша на Твитер новинар од Волстрит журнал.

Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки веќе изјави дека САД ќе забранат нови инвестиции во Русија и ќе воведат дополнителни санкции за руските финансиски институции.

Амбасадорите на земјите од ЕУ ќе ги разгледаат плановите за петтиот пакет санкции, кој вклучува забрана за увоз на руски јаглен и оневозможување повеќето бродови во сопственост или управувани од Русија да ги користат пристаништата на ЕУ.

Поврзани новости