ССНМ: Недозволиво политичари од највисок ранг да етикетираат медиуми и да оценуваат новинарски производи

by Fokus

Политичарите мора да имаат поголемо чувство за последиците од нивните јавно искажани зборови кои допираат до одреден број на нивни следбеници и со тоа создаваат атмосфера за негативни чувства кон новинарите и медиумите, нагласуваат од Синдикатот
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) предупредува на внимателност во јавните настапи на политичарите, „особено кога коментирајќи состојби во општеството влегуваат во сегментот на уредувачката политика на медиумите“.

Според ССНМ недозволиво е политичари од највисок ранг да етикетираат медиуми и да оценуваат новинарски производи само затоа што не им се допаѓа содржината.

„Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, во неговиот јавен говор пред присутните на партиска трибина директно нападна една национална телевизија поради тоа што во својата информативна програма пренела одредено расположение на граѓани, односно искажано незадоволство на студентите од висината на студентскиот оброк. Потсетуваме дека со замолчувањето на медиумите, се замолчува гласот на граѓаните, а ваквите вербални таргетирања од политичари чијшто збор треба да има тежина може да предизвика и ограничување на слободата на медиумите“, реагираат од ССНМ.

Претходно со реакција се огласија и од ЗНМ.

Поврзани новости