Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), денеска со згрозеност реагира на нападите, навредите и клеветите изнесени на порталот „ДоказМ.мк“ кон новинарката Мирослава Брнс, кои меѓудругото се и сексистички и задираат во приватниот живот.
„Какви било клевети и навреди од овој тип се неприфатливи, а особено се неприфатливи во јавната дебата, односно кога се појавуваат како реакција на еден професионално изработен и реализиран текст на нашата колешка. Сметаме дека треба да се стави крај на времето кога на факти и аргументи се одговора со лични дисквалификации, а во случајов тоа е кренато на ниво, не на ‘уличарски’ јазик, туку на монструозни конструкции кои ни оддалеку не се во допир со текстот на кој се реагира“,се вели во соопштението од ССНМ.