ССМ: Живко Митревски, гробарот на синдикалното движење, не се враќа како претседател

by Fokus

Остра реакција стигна од Синдикатот, откако нивниот поранешен претседател, Живко Митревски, објави дека повторно се враќа на таа функција.

„Како „истакнат“ правник, наместо да се фали со првата страна од Пресудата на Управниот суд и Пресудата  на Вишиот Управен суд, требало истите да ги прочита до крај и да прочита дека никаде не пишува дека Живко Митревски се враќа како Претседател на ССМ, туку пишува дека „тужениот орган при повторното постапување треба да ги има предвид и целосно да утврди дали се исполнети законските услови за упис на промена во надлежниот регистар, односно да утврди дали постапката по кривичниот предмет КО3 бр.583/2016 која во конкретниот случај претставува претходно прашање, е правосилно завршена, а доколку истата не е правосилно завршена да донесе одлука за прекин на постапката за упис на промена, се до нејзиното правосилно завршување“, велат од ССМ.

Поврзани новости