578
Работниците и граѓаните мора да се во центарот на интерес на сите владини политики, порачува Сојузот на синдикати на Македонија по повод Светскиот ден за пристојна работа – 7 Октомври.
– ССМ сите свои капацитети ги насочува во правец на преземање на активности и мерки за обезбедување на пристојна работа за сите, а тоа значи работа која вклучува заштитата на здравјето и животот на луѓето, реални и одржливи работни места, заработувачка која ќе гарантира егзистенцијална стабилност, социјална сигурност, родова еднаквост, почитување на човековите права без дискриминација и здрава животна средина, се наведува во соопштението од ССМ.
Синдикатот најавува дека во следниот период своите активности ќе ги насочи кон реализација на мотото избрано од страна на меѓународните синдикални организации – „Нов социјален договор за закрепнување и издржливост“.